А другите јажици, во екот на жетвата, ги правеа таму, во полето, каде што ќе имаше вода, во доловите и ендеците, но најмногу, речиси сите жители на Потковицата, на Алилово.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
О, сега е подобро, вели, имаат вода и струја секој втор ден, само што луѓето умираат, се опуштиле па умираат, да, сега е неспоредливо подобро, вели, и телефоните работат, и писмата, фала богу, доаѓаат, само што поштарите умираат, веќе двајца умреа во последниов месец...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
ПАРИЗ, сам за себе, претставува цела држава. самиот факт што на едно пространство во дијаметар од педесетина километри живее население дури поголемо отколку во соседна Бугарија, или пак во Грција, наведува на помислата што сѐ овде не се прави за да бидат навреме нахранети толку милиони луѓе, за да бидат редовно снабдувани со други потреби, за да се префрлаат луѓето на работа и по домовите за да има вода достатно за пиење и хигиена.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Никој ништо не може да ти каже, секој ќе ти го рече само она што го знаеш: Абре, имаше вода!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Работава не напредува, си мислам, не само по вина на природата, зар може да биде вина тоа што е лето и што е земјата сува и горка, та тоа си е нормално, лето е и суша и тврдо е камен, а тоа е и предноста на еден ископан бунар, предност на бунар ископан во најголема суша, тоа значи дека во иднина ќе има вода во секоја сезона.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Со Господ напред, за празникот Света Богородица“, ќе имаме вода, се извика некоја од жените.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Дури има вода, ќе има и маштеница, се смеат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Да, Јосиф многу добро знаеше дека за да го поплави некој нема да мора да го дочека библискиот потоп, па колку за него, имаше вода во секое вирче на патот, and yes indeed, that was inconvenient truth.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Има вода за сите! И така биднало.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Да не беше жешко и да имаше вода, се би било иѓра и радост.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Отла рече: „Сега побрзај, додека има вода.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа се забришавме со ќебињата и чаршафите, па се облековме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Видов како сите старици се расоблекуваат, колку што можат побргу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И сето тоа не траеше повеќе од неколку минути, толку имаше вода, колку да ја натера нечистотијата да потече од нас, но не и сета да ја однесе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ми се чинеше, да имаше вода и кај непријателот, дури и да знаев дека ќе ме убијат, ќе одев да се напијам, а потоа нека се случеше што сака.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога дојдовме до водата видов дека двајца партизани ја чуваат за да не се напиеме изморени.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ќе има, ќе има вода за сите!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Го гледате ли Езерото, големо е како море! Ќе има вода за сите!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Дури има вода, ќе има и маштеница, вели Јон, оти млеко имаш колку што ќе ти дадат козите, вели, а маштеница колку што ќе туриш вода, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)