има (гл.) - брат (имн.)

Што има да седи да ја гледа напорки и снаа ѝ и внуци и сите во куќата, и да си имаат браќа и непријатности со жените заради неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бевме, од седумгодишна возраст, колку што имаше брат ми Николче, до тринаесетгодишна колку што имаше Нешко на Мија Метелов од Долно Маало.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И така, тргнавме Саше и јас со Бак по улицата кон баба Стеве, ама решивме пред нивната куќа да скршнеме во една од споредните улички за да не нè видат дека го шетаме кучето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не разбирам зошто таквите нѝ завидуваат нам кои имаме браќа или сестри и се жалат што се сами, па постојано навалуваат на мајките да им родат бебе. Глупави!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Убава работа е да имаш голем брат – си мислев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа е од оние кои би сакале да имаат брат или сестра, а нејзините не сакаат, а јас сум од оние кои ѝ завидуваат дека е единче, освен во моментите кога сме подолго време со брат ми разделени, па ми недости, како што беше тој ден.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти имаш брат, не е шега! – и пак, божем случајно, ми ги покажа мускулите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тие денови бев задоволна и од резултатите на моите истражувања во фиоките и шкафчињата на брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Значи, ете, Борко имаше брат во Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Има браќа во Егејска Македонија и за нивната судбина не сме рамнодушни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нејзиниот сопруг, макар што имаше браќа и сестри дамна заминати во Турција и со веќе бележити места во животот и владеењето во новата земја, тврдокорно беше решен да остане во куќата крај Езерото и да им остави во аманет на своите синови никогаш да не заминат од родниот крај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Адолфина, паулина, марие и роза - сал една би била вишок во драмата на чехов а сите се отпишани од тефтерот на брат им зигмунд фројд отла и кажува на адолфина дека ги довеле во логорот во терезин и дека е најдобро тука да останат што подолго отла и кажува на адолфина дека храната е еднолична, катаден супа од леќа а попатно и спомнува дека има брат по име франц кафка адолфина веќе почна во себе да го портретира кафка мачејќи се во шеширот да му ја смести ергенската несреќа - во бараката на трудниците несреќата има друго име во предвечерјето на смртта и без месечина јасно се гледа дека црното млеко не е поетска измислица под црно сонце во црна темница четирите сестри на зигмунд фројд спокојно го чекаат црниот воз кон невратот рано в зори и не го забележаа брат им зигмунд како нервозно се тртка лево-десно на перонот пред да си ја испрска совеста во ѓолчето од сестрински солзи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Но Ервехе не можеше да ја има таа среќа што ја имаа браќата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)