Кој има брада дома, тој има и булук каци да нап'не, и покрови ќе направе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И тие, како и Господ, имаа бради и мустаќи, коса што ја шатираа да заличи на божјата бела коса.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Брадата - таму некогаш сигурно имало брада - сега беше само една мала розета, или папок прикриен со витли од сало.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- И мене ќе ми беше мило до колку имаше брада.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Облеката и изгледот, освен се разбира оние на Леон, во неговото семејство беа традиционални, на главата машките членови носеа штрајмели, капи од кожув, на лицата имаа бради, а покрај образите им висеа долги свиоци коса, Шабат и годишните празници строго се почитуваа, а јадењата се подготвуваа по рецепти и начини едноставни и скромни, како на село.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Има брада. Не личи на птица.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Ако си вистинско машко, мораш да имаш брада. - Ехе, тежок случај ....
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)