Со тага си мислам јас за тоа и не од болест туку од страв и грижи, небаре пустиник, уште пред изгрев, скитам и преповторувам: кога не можевме ние – тоа бог нека ги состави коските на мојата земја доколку има бог и – доколку остана земја.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Кога стигна во цареви дворје Слугите го пречекаа сите Им раскажа за целата тага Имало бог да куртулам од мачната сага.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Тој беше сигурен дека имаше Бог, кого го бараше во меандрите на големата река на егзилот, а Мајка веруваше дека го има во себе, во останувањето…
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ќе се приклониме ли кон помислата дека овие и вакви резони влечат кон утилитаризам, или пак ќе поверуваме дека тоа се резони, коишто нè воведуваат во филозофијата на XXI век, ни преостанува нам, како на читатели да просудиме во зависност од нивото на својата наобразба или од широчината на платформата на нашата идеологија но, прочитувајќи го овој роман на Луан Старова, сепак и сепак ќе бидеме спремни да се согласиме со нашиов високо извишен мајстор на литературно-уметничката реч, дека: „Ако има Бог, тој постои само во Мајката!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)