има (гл.) - сиот (зам.)

Одовде се има сиот Париз како на дланка. Овде се одлепуваш од оној бучав Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ќе го имаше сето тоа што го снема заради една негова грешка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ноелемаците, од друга страна, го имаа сето време на светот да ги набљудуваат тигрите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Што има сето тоа мене да ми го кажува - си помислив.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа практично го има сето ова, а јас не.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Додека поп артистите и нивните први предци (Rauschenberg, Rivers, Johns) го воведоа радикално новиот свет на популарни теми во ликовните уметности, Енди го имаше сето право (со комбинацијата на неговата фотографска доследност во користењето на свиленото сито и пророчката моќ на неговите теми) да го даде завршнот збор во означувањето на крајот на претпоставената доминација на американското апстрактно сликарство и да постави сосема нов склоп на можности.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како може некој да биде незадоволен, ако го има сето тоа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога се има сето ова предвид, а Трајчеица не беше поглупава од мене, многу добро ја познаваше Рајна, но тоа почна да ми се разјаснува малку подоцна, Трајчеица не ја доведе кај мене и кај татко ти желбата да ја оцрнува Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Или да се жали на однесувањето на својот Генерал само во врска со неговите средби со Рајна, и тоа во дуќанот за сода-вода.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)