Не погодив, си рече. Та тоа може да го има секој.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во тој луфт, тој циркуски неон
и сега не се познава каде е
мојот живот, мојата скриена фалинка
не сум крив јас
виновни се оние кои веруваа
полесно ми беше да бидам неограничен
во слободата да грешам, одошто да сакам
ја имав секоја имајќи ја безличната
жена, не груба, не глупа, не грда
напросто ефемерна
бришаниот простор ме плаши, не празниот
ѕвездената прашинка која светка под папокот
на мојата скокотлива куртизана, судбината
мојот детски инат, залудното препознавање
во сѐ што не сум јас
зар не сум доволно смртен
за да бидам и жив, и со себеси соочен
зар јас ќе го напуштам светот
не тој мене, мила моја!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Не помалку изненадување претставува големата изложба на книги, организирана во една огромна изложбена зграда, на пет ката, каде што на штандовите имаше прикажано над две-три стотини илјади разни книги, книжевен фонд каков што би посакала ода има секоја позначајна библиотека во светот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Беше свесна дека е убава, но сепак не беше задоволна од својот изглед: челото ѝ се чинеше премалечко, очите темно кафени, а не сини, линиите на телото ѝ се чинеа преизразени...се разбира претеруваше, тоа беа некои нејзини бубачки во главата, какви што си имаше секоја девојка на таа возраст.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Го земаш она што го има секоја убава жена...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Доктор Сашко Кедев слегува од врвот на светот и не е сосема сигурен дали Мојсеј кога се симнувал од Синај кој, се разбира, не му е ни до глуждови на врвот на светот, сал туку мрморел и се допрашувал: каква смисла има секое качување кога неизоставно завршува со слегување?
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Се дружевме со нам слично изобличени креатури, имавме секој сопствена интима и многу патувавме (секако индивидуално).
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)