има (гл.) - секаков (зам.)

Ги има секакви - ромбоиди, паралопипеди, и уште какви ли не други невозможни форми.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Ма имаше секакви, но тие што беа со мене на факултетот не беа по мој терк.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пеперутките штом ќе го забележат Богдана во градината, започнуваат да облетуваат околу него и му застануваат на главата, на рамењата, на рацете, на телото; а ги има секакви: златици, медарки, аполонки, синолички, кадифики, ѕвездарки, жарулки, сребренки и какви ли не; сребрениот прав им се рони во воздухот и се меша со сончевиот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Немаше никакви претпоставки а можеше да ги има секакви и многу - ноќта беше таква, до врв исполнета со штурци, со локомотиви, со живи сенки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ручекот што го приготви Дејко беше богат: имаше секакви риби: пастрмка, крап, јагула, клен, плашици... Приготвени беа на разни начини.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Згрешив, си рекол. По патиштата има секакви луѓе, па и арамии.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Низ неговот месо минало треперење: некој му докажувал дека има секакви умирања, едно во кое душата ја сочинува чистотата на невиното, друго во кое гневот копа гроб на непознат несреќник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Овде има секакви, од кол и јаже собрани како на кокошка.“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За таа птица, не поголема од скакулец, можеби толкава, ако не и помала, има секакви сказни, повеќе од возбудливи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можеби ќе го најде. На овој свет има секакви мајстори.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Досега не се случило некој гавран да си го искрши клунот на камено јајце.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На една од паузите појдов на нивната маса да се напијам нешто (може ракија?) па тогаш ги продаваа ливчињата со броеви зад кои имаше секакви награди, ама главната премија беше три метра штоф за костум.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ги има секакви - ситни како пупунци, брзи како полки, шарени како клукалци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- А сега има секакви работи. Дезодоранси, парфеми. Можеш да си ставаш за да не мирисаш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Мамо, дали смрдам? - праша. - Не, - мајката не се мрдна од пред шпоретот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
ИМА СЕКАКВИ ЛУЃЕ: некои не умеат и не се ни обидуваат да лажат, други лажат но неудобно се чувствуваат па црвенеат, а трети лажат и, како што вели народот, „ич око не им трепнува“.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сите прашуваа каде е Чанга, каде се неговите кози? Имаше секакви приказни, од сите страни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оти од порано уште чуле Дека таква била нивната борба Додека се гине да се пее И како такви уште и фала ѝ викале на песната Песна нас је одржала, њојзи хвала Ами како, ептен и за навек хвала Песната си е песна и како да свртиш Таа ич не е виновна што има секакви И уште повеќе што има никакви пејачи А никакви пејачи имаше и кога ги снема Патеките на соништата поплочени со петокраки Даже ептен никакви пејачи Кои чкрипеа како недоправени верглови И ги раскажуваа своите селански соништа Истопорени на градските плоштади Кои буричкаа во стари и туѓи соништа И кои на ангро крадеа туѓи соништа Крадеа на јаве се што ќе им дојдеше на сон Крадеа и на сон се што ќе им дојдеше на јаве Колку што крадеа и малку се џимкаа во сонот Нивната девиза не беше мирен сон и чиста совест Колку што не разбираа арно што воопшто сонуваа Ако за сон може да се есапи Само уништувањето на старите соништа со петокраки И ако за сон може да се есапи
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
„Ќе ги земаме тркалата“ реков, „ајде доста смеење, треба да се работи!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ене, на онаа полица имаме секаков алат: метро, пила, чекан и чеканче, клешти, дури и моторцангли, сврдел, турпија, кутија со клинци и завртки од разни големини.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Нема мајсторија без алат“ рече Влатко, свесен дека кажува нешто многу важно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А помеѓу нив имаше секакви: и комити, и генерали, и јатаци, и жандарми, па дури ќе се најдеше и по некоја жена.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А еднаш, додека разговаравме за Пелагија и горчливата судбина на дед Павел, наеднаш рече: „Животот ме научи оти не има секакви.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури и такви, кои за една копејка ќе ѝ го предадат на сатаната и најблискиот свој!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Едно утро ѕидовите дома осамнаа исчкртани со молив, со креда, со јагленче: по нив имаше секакви букви напишано.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Имаше секакво оружје, дури и тешко.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тие оружјето го закопувале во јами и нормално сламата им вршеше работа како погреб.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имаше секакви мислења: едни велеа да се реши никој да не му дава на Лумана ништо, па макар колел и бесел, други беа да се отепа, трети да му се стори тоа на Бошка Манев.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа што си го знае напамет: - Стомниња, бардиња, грниња, уш, ќукш, ги тера магарињата, натоварени со посатки и само вика: стомниња, бардиња, грниња, купете за умрените, за погинатите, вели, за курово здравје гинеа, за ветер во магла, вели, ама мора нешто да ѝ имаме згрешено на мечката од Москва, стомниња, бардиња, грниња, мора да сме ѝ згрешиле, нѐ има секакви ’рчпали, вели, стомниња, бардиња, грниња, не ни е за џабе налутена мечката, вели, не нѐ гледа за ништо напоречки, вели, стомниња, бардиња, грниња, ни пушти шенци, чкрапји и тавтабици и сега чешај се, ако можеш да се досегнеш, стомнина, бардиња, грниња, вели, нѐ остави да нѐ делат ко варена тиква, ко чајчаре, една велка овему, една велка онему.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И имавме секакви круши: и оскоруши и горници и кајкушки и туѓинки и јакачки и кантарки, црвеникави, што гнијат само зиме. А пакмез...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Време опачно. А има секаков народ: и подобри и полоши и којзнае какви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Има секакви збирци. Мора пак да се живее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)