има (гл.) - понекој (зам.)

Надолу имаше понекој буден, тоа беа пајаците, пеперутките, и два убави глувци кои ги начекав во непристојна ситуација, па стрмоглаво избегаа во купот несредени дрва.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сите мои другарки имаа понекоја симпатија, сите зборуваа за нив и тоа беше и сè уште е наша најважна тема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И така, секој дуќан во кој денеска ќе влезат свадбарите, ќе има понекој петак аир, та дури и Мамуд ковачот ќе се овајди, оти ќе се требни клинци и плочи да се коват коњите на свадбарите што ќе бодињаат по невестата цел ден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- А ти, Бреза, само нè слушаш и ништо не кажуваш за себе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас сега верувам, проклет да бидам, во секое човечко срце мора да има понекоја топла капка пролетен дожд колку и да е тоа тврдо, обвиено со мраз.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)