има (гл.) - некого (зам.)

Како што сега мене ми е потребно да имам некого околу себе, да најдам некого кому овие свои мисли ќе му ги соопштам, со кого ќе ги разменам и ќе ги проверам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Па тој не ја знае Софија, ниту има некого во неа.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Пред мојава куќа секогаш има некого. Ноќе секакви суртуци клечат пред прагов. (Арсо Арнаутче секако ја зграпчил за рака.) Пушти ме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога таму има некого, и кога нема: и кога е ден за продавање на новите запленети, и кога не е: и кога има такви нови, и кога нема.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Арсо Арнаутче веќе ја држел за рака, бил стапица што не го пушта подарокот на ноќта. Воздишки. И шепотење. - Излези, нема никого.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ВТОРИОТ: (Го здогледува Михајло) Овде има некого.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Онака усамен, тој не сакаше ништо повеќе освен да има некого од своите стари пријатели, па да му оди и да му изнакаже сѐ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се сетив на онаа потреба на Бога, како што бев читал еден божем полушеговит текст, да го создаде светот од себични причини, од потребата да биде обожуван и од потребата да има некого в рака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
— Не џанум. Ако има некого да лажа, ќе лажа јабанџии, не вас, моите родители. Ич за тоа гајле не берите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)