има (гл.) - кој (зам.)

Овде може да се сервира и „млеко од пиле“, само ако има кој да го плати.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И кога Крсте Младенов Акиноски стана глава на клонот на Акиноските што остана да живее на Имотот, односно на сираците Младенови и Спасиини, за да има кој да се грижи за нив, си донесе жена, некоја комитка, Султана по име, од костурските села, каде што комитуваа со братучедот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вака, со бомбата, изнашле начин како да се ослободат од тројцата наеднаш, но мажите и сите жители на Потковицата отворено се побунија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите тројца беа осомничени, а во Потковицата тоа секој го знаеше, дека соработуваат со комунистите во Прилеп: собираа пари, обувки, облека, храна и оружје за партизаните, но зашто не можеше ништо да им се докаже, односно зашто имаше кој да го заштитува Ѓорета, деленицата нивни, Божин Дамчески Штркот, кој таму, во Софија имаше своја фабрика за шеќер и врски со дворот, секогаш кога ќе ги затвореа по неколку дена ги пуштаа, а тие, предводени од Ѓорета, пак си ја продолжуваа старата работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ни неговото има кој да го жнее, ни моето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Нека знае дека иако сте сираци има кој да ве брани.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Има кој сака?“ Е, ама има и кој не сака!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Нека кара, вели Ѓеро, да нѐ голтнеше морето, не ќе имавме кој кому да си ја караме мајката...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Знаеш дека некој те гледа, дека има кој да те гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Не ќе има кој да нѐ закопа. Утре и нашите коски ќе дават намерници и улави денгуби какви што сме ние во ова стојбиште.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие коски ќе нѐ задушат. Ќе се обесам, ако не се случи.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Мене има кој да ме брани. Го знаеш ли Ване Гавранот? Е, тој ти е нешто. Со една рака железо витка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И јас си сакам куќа да си отворам, та кога ќе си дојдам дома да има кој да ме дочека.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Па, и да е речено, дали има кој да го слушне.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Знам дека имам што да кажам. ќе кажам, многу храбро, зашто има кој да ме слушне.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Има кој да ме сфати. Оние што се доволно паметни, знаат да го вреднуваат квалитетот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дали има кој да го разбере.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не ќе има кој да ги исплаши, чесен збор.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од селото замина уште како млад. Се ожени доста рано, по желба на мајка му која сакаше што побргу да го вдоми за да има кој да ја преземе грижата околу куќата и имотот по смртта на татко му.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Претпоставувам, има кој да се грижи за детето додека вие сте на работа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
— А бре, кој го знае дали има, бабо, токо и да има кој знае дали ќе ми даде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Навистина, уште е рано, но, како што се вели, нужда закон менува: и тие со татко и нема да го чекаат Крлето осумнаесет и дваесет години да бреа по село, како што прават сиромашките ергени, ами ќе го наоглават уште на петнаесет шеснаесет години, да се отвори куќата и да има кој да му чини измет на татко ѝ и брат ѝ на Бисера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако доживее да се врати, ќе има кој да ја пречека и да и рече мамо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако паднам болен, дали чорбаџи Јордан ќе праша за мене? Дали ќе има кој потта да ми ја избрише, кошула да ми размени, јорган да ми фрли?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Гледај, што направи од нас таа пуста печалба! Маж - роб! Жена - роб! Син - роб! Ќерка - роб! А мајките; само за солзи се родени!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
15. Колку и да се склукаш со историја Не можеш да избегаш од сегашноста Беше рекол некој умен И јас му верувам Оти на своја кожа знам Дека колку и да се клукам со еукалиптус Не можам да избегам од соништата А сегашноста се полни со стари соништа Ѓоа надградени и надополнети И по секоја преродба се прогласува нова преродба Во долината на среќно преродените Никнуваат нови цркви и џамии Со ниет да бидат уште постари од најстарите На сека ритка никнуваат и големи крстови Колку крстови толку неразгатнати крстосници Никнуваат богами и нови затвори За затвореници колај работа ќе се најдат и фазла При толку бујна стварност Поетите цапаат во Петреви Вирови Колку поети толку друштва на мртви поети Сега секоја суша вели дека животот е некаде другаде Што впрочем се гледа и од брановите нови доселеници Макар што во последно време другаде не им е Австралија ами Италија Каде што се преселуваат цели села од долината на Радика И таму си формираат нови населби со роднокрајните имиња Сега засега не се чуло ни разбрало Како стојат таму со цркви џамии и настава по веронаука Но мене ме загрижува тоа што ако тој пат го фатат иселениците Нема да има кој да се доселува во Австралија А без новите доселенички приказни од Цапари Животот тука би бил ептен здодевен Како што е здодевно тука летно време Кога децата на доселениците одат во стар крај Да научат троа од мајчиниот јазик А како бонус им доаѓа што ќе научат Како се поставуваат светски рекорди во брзо донесување закони А тоа воопшто не е како олимписка трка во брзо одење Зашто таму каде што има брзо ломотење нема брзо одење
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Гладот повторно се всели во сиромашни­те семејства, а малку имаше кои не беа такви.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Почина среќен. Сега има кој да биде столб на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да има кој да се удави кога бродот ќе потоне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така, на Најдо Пашалески, детето на Ица не само што не му пречеше туку го сакаше како свое зашто знаеше дека тој деца не може да има, а освен тоа нему жена му требаше да има кој да му ја гледа куќата, да му зготви, да го испере и да го закрпи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Васј“, ми вели. (Слушај го, те молам).
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе имаше кој да те полева наутро, да ти го прифаќа кожениот качкет кога го симнуваш од главата“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас знам дека и без мене ќе има кој да го чува редот, ама стравот е голем.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не ќе имаше кој да ме нервира.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Многу работи не ни биле јасни, ниту имало кој да ни ги објасни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Уште сум аџамија, бегу ефенди. Ама, ќе ми простиш. Бериќатверсен, има кој да ме поучи.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ние не сме, ама има кој – авторитетно ми намигна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Има брат ти и други другари, оние што не ги познаваш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)