има (гл.) - фати (гл.)

„Треба оган да запалиме, не е греано и влага има фатено...“, па му пуштаа термо печка, а тој се лепеше на неа, изненаден дека брзо загреваат тоа дрвата во камионот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Веруваше дека, штом престанав да одам на часовите кај доктор Брике, и штом не успеав да се запишам во Уметничкото училиште, имам престанато и да цртам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сигурно, некој зуќам имаат фатено зимоска, та сега со чаевите го бркаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гледаше де во мене, де во цртежите, како да ме имаше фатено да правам нешто срамно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)