има (гл.) - сфати (гл.)

Но покрај ваквите недоразбирања забележани се за жал и случаи кога предлагачот само се пошегувал а неговата шега присутниот службеник ја има сфатено како сериозен предлог.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Денес се случи да појадувам дури во 13:00 часот, па имам чувство како допрва да почнува работниот ден, додека во изминатите утра доручкував со самото пристигнување на работа, не затоа што чувствував неодложна потреба, туку ете така, доручекот си го имав сфатено како обврска, како една од работните задачи која мора да биде итно завршена и ако не биде систематски завршена во предвиденото време, ќе ми ги помести останатите обврски во денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како да ги има сфатено објаснувањата на столарот па сосема му се препушта на неговото умеење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А овој втасува самозадоволно да констатира дека умните животни, иако со мало задоцнување, сепак сфаќаат дека човекот е создаден не само да им командува туку и да им помага.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)