има (гл.) - стори (гл.)

Прочитавме: „Ако случајно ви е тешко да погодите кој го има сторено тоа, еве да ви помогнеме - тоа сме ние...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тргнав со најдобра намера во Горно Морино за да ја посетам ќерката на Симо Чардаклија, и тоа со единствена цел да ѝ се заблагодарам за добрината што ми ја имаше сторено во времето на војната и да узнаам нешто повеќе за пресудата на татко ѝ а наидов на она на што наидов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Впрочем што тој лично има сторено ако не постои загубениот понеделник и ако ја нема, или поточно ако била привид спомнатава белезица?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Немал ваков адет! Ова досега не го има сторено!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И, така, и на вујкото и на тетинот им ја исполни желбата, па сама, без младоженецот, со деверчето зад неа, се избаци по трипати „мокро“ со сите, ама пола од нив не беа свесни дека се поздравуваат зашто „гага“ ракијата си го имаше сторено своето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од здодевност решив да станам и да излезам пред порта, нешто кое никогаш дотогаш не го имав сторено без туѓа помош.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)