има (гл.) - сочува (гл.)

Која беше замислата, влогот за потфатот наречен Глас? 4Не отстапувајќи од правилата и барањата на филозофското читање, за кои отсекогаш го имав сочувано должното почитување, во книгата Глас сигурно сакав сериозно да обработам некои содржини (семејство, сопственото име, вера, дијалектика, апсолутно спознание, погреб - и уште по нешто), но спротивставувајќи ги, страна наспроти страна, интерпретацијата на големиот канонски корпус на филозофијата на Хегел со реиспишувањето на поетот- писател, речиси вон законот и неприфатен - Жене.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Притоа е мошне карактеристично, што знаците кои го загубиле фонетското значење како резултат на фонетските промени во грчките дијалекти, не се бришат од редоследот на системот на писмо, туку ги имаат сочувано своите места иако се лишени од секакво фонетско значење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но таа се надоврзуваше и привикуваше едно исто така старо предание: она во кое страницата инаку се устројуваше во главнината на текстот, толкувањата, внатрешните белини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јасно е дека за ваков систем на бележење бројни вредности се потребни минимум 27 симболи, а во класичниот грчки систем на писмо, имено, писмото од Атина од петтиот век п.н.е. оформено врз база на јонскиот алфабет, се присутни токму 27 графеми.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)