има (гл.) - почувствува (гл.)

А тоа чувство на оттргнатост од своето, што пред тоа го имаше почувствувано само еднаш, беше последното нешто со кое сакаше да живее.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Партизаните, и покрај нивниот подоцнежен почеток во Македонија, претставуваат главниот фактор, практично, покрај непостоењето организирана опозиција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Дури тогаш можеме да тврдиме дека и вистински го имаме почувствувано оној здив на мечката што не сме ја виделе иако нѐ делеле два чекора...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во политичката анализа за расположението на народот во Македонија, тој ќе истакне дека „поголемиот дел од цивилите ги имаат почувствувано ударите на војната и сега се подготвени за формирање сопствена влада.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)