има (гл.) - зачува (гл.)

Зошто се насмеал , дали зашто наишол на нешто сосема непознато, но за што, сепак, секој има зачувано некакво сетило, или пак, тој, слично на голем број чиновници, го помислил следново: „Ах, тие Французи! што и да кажеш, ако веќе посакаат нешто онакво, тогаш тоа е толку онакво...“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше, како и секој пат, облечен во неговата доземи долга бањарка за која што баба ми Санда, мајка му, тврди дека му ја купила кога тој имал десет години и дека ја има зачувано сѐ досега само затоа што била изработена од многу квалитетен фротир што денес веќе не се употребува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во централното македонско наречје, меѓу другото, се имаат вакви фонетски особини: старомакедонските гласови ъ и ь, во оние места каде што се имаат зачувано, преминуваат во о и е, на пр., денот од старомакедонското дьньтъ преку дьнът; сонот од сънътъ; наместо старото тј и дј имаме ќ и ѓ или јќ и јѓ, на пр., врејќа и туѓа135; наместо нј имаме јњ, на пр., којњ наместо конј, наместо ? - а, на пр., рака и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)