има (гл.) - зафати (гл.)

Пролетното лудило од првата година не беше ништо во споредба со ова што ги имаше зафатено сега.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сфатив дека е спремен да окара и тоа само затоа зашто за момент бев изумил дека се има зафатено со доволно важни нешта за да можам јас да го разонодувам со непотребни прошетки!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На почетокот од школската 50/51 ме имаше зафатено и една друга страст: покрај учењето и покрај исполнувањето на домашните обрврски поради болеста на сестра ми Лена, со сето срце и волја бев вовлечен во политиката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се судруваа, се разминуваа, се сопнуваа еден од друг, ама без роптеж продолжуваа да си го осигуруваат брложето што го имаа зафатено.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)