има (гл.) - задолжи (гл.)

Шефот мене ми ја крши главата. Јас го имам задолжено камионот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се разбира, животот одвреме навреме ќе им одреди на овие свои избраници кога да го изведат казнувањето и со какви средства.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Притоа, по правило, секогаш тој го избира вистинскиот момент.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му реков: „Имај на ум, се случува и тоа, а и мене ми се има случено, дури кога ќе згрешиш да сфатиш дека животот има задолжено специјални избраници и помеѓу луѓето за кои сметаш дека посебно те ценат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нивна задача е да спроведуваат некои важни упатства и да ги штитат интересите на нарачателот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)