има (гл.) - забележи (гл.)

Ниту некој дотогаш го имаше забележано знакот, ниту пак некој имаше чуено дека во близината постои музеј.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Женската очигледно уште не го имаше забележано.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пандо Бранов, таткото, го имаше забележано следното: „Ние многу повеќе во годината постиме одошто мрсиме, ама не постиме толку затоа што сме кај знае колку побожни туку затоа што сме и повеќе од толку сиромашни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога последно ја посетив страницата г0ј, на 3 јуни 2011 година, таа имаше забележано речиси 700 000 посети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Геј-родеата се исклучително популарни настани насекаде во Америка“, забележува Џон Клам и додава: „Камо да слушав повеќе иронија од луѓето што одат на нив“.351 Иронијата, меѓутоа, е последното што треба да го очекувате од обожавателите на Планината Броукбек.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Малава расправија околу есенцијализмот и неговите критички недостатоци несомнено беше предвидлива, ако не и малку бајата, а прашањата, во секој случај, досега се добро познати.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што за Фелоус и понатаму е толку чудно, во секој случај, е што мажествениот, родово нормативен стил што го зазеле и што го застапуваат застапниците на „г0ј-идентитетот“ јасно допира значителен број момци кои, сакале-нејќеле, спаѓаат во категоријата геј, дури и според дефиниција на самиот Фелоус, но кои се оградуваат од секаква и од секоја родова нетипичност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Многупати бевме пишувани во тефтери и нас не само што не имаа забележано со име и презиме и место на раѓање, туку и со број на дадени овци и кози, коњи, телиња, волови, крави, кокошки, покривачи, веленциња, чорапи, фанели, столови, лажици, ножеви и виљушки, денови поминати на копање ровови и градење бункери, носење камења и трупци на врв планина, пренесени ранети, одземени чеда големи и мали, загинати и ранети, живи и сакати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Веќе имам забележано, и тоа од поодамна, дека ваквото мое однесување ми помага на грижите да гледам како на отпадок што можеме со другото ѓубре да го натрупаме во најлонска кеса и да го фрлиме во контејнерот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неговата маѓепсаност од надареноста на мајка ми, особено во кулинарските вештини, ја имам забележано од поодамна, всушност од оној ден кога по конзумирањето на убавото парче од Пасхата што ја беше приготвил татко ми за Воскресение, Лев Петрович очигледно задоволен од вкусот на празничниот колач изјави дека некогаш некој ако предложи да се постави или да се изнесе на пиедестал она што е најполезно и остварува највредни резултати во секидневието, тој без двоумење ќе се заложи тоа да бидат рацете на жената што умеат да создадат толку многу вкусни јастија наспроти трапавите и секогаш лошо приучени мажи кои на животот и не му прикажале ништо друго покрај она нивно необмислено незадоволство што неконтролирано го истураат насекаде околу себе.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Луѓето (и ова го има забележано неговата рака) смеат да горат како полски булки секогаш кога ќе им се приближи убавината. (Не е грев пофалбата на возбудата да го користи повторувањето за да може да се доживува до последен здив).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)