има (гл.) - гледа (гл.)

Многу ги сакаше Лоренс Оливие и Вивиен Ли, ги гледаше во нивниот прв заеднички филм „Оган над Англија“, го обожаваше Спенсер Трејси (го викаше Траси), а имаше гледано и неколку филмови на прекрасниот Чарли Чаплин кој ја секогаш ја развеселуваше но и трогнуваше до солзи, на неговиот единствен начин.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Стотици пати досега го имаше гледано залезот, но дури сега, оваа вечер, ја виде неговата убост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Изјавата на другарката Басотова не го објаснува она најбитното: дека токму таа мене личо ми се пожали дека и е одземена спомнатата скапоценост и ме замоли да и помогнам да си ја поврати таа скапоценост бидејќи само јас можев да посведочам дека во далечното лето на 43-та ја имав гледано кај неа и тоа повеќепати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)