има (гл.) - четиринаесет (бр.)

Кога имал четиринаесет години, во времето на балканските војни, таа барала начини како да го испрати во Цариград.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа е веќе големка, има четиринаесет години, и мисли на дотерување.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога имала четиринаесет години,турската Османлиска Империја била добро легната врз Балканскиот Полуостров.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас имав дванаесет години, Блаже исто толку, само некој месец повеќе, а Орде веќе имаше четиринаесет полни.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Колкот веќе го болеше и стапалата му мрзнеа, ама тој од Туз-пазар, наместо да се управи кон мостот на Вардар, оној мост што ти имал четиринаесет сводови, а бил од вакуфијата на гази Иса-бег, појде да ги разгледува маалата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А сега? Сега имам четиринаесет години, и нема човек, ако не ме видел извесно време, да не рече зачудено: „Леле, Бреза, колкава си пораснала, голема девојка си станала”, и да не ме одмери од глава до пети, загледувајќи се во мене како да сум осмо светско чудо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми доаѓа на таквите да им речам, што сте зинале бре, што има толку интересно да се гледа на мене?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ана имаше четиринаесет години, одеше во бела облека и секогаш исплашено гледаше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога умре мајка ми, брат ми имаше четиринаесет години, сестра ми Борка имаше девет години и најмалата сестра Љуба имаше само две години, па татко ми се грижеше за неа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)