има (гл.) - триесет (бр.)

Ми рече дека имал триесет и пет години, дека знае оти е крајно време да се ожени, но бидејќи нема постојани приходи, ниту посебен стан в град, а од Маказар веќе еднаш заминал, бегал од мислата за таа работа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
316 На 3 јули Conserve ќе извести дека во “оваа област има триесет илјади луѓе без храна како резултат на бугарската офанзива.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Мој пријателе, она што не можеш да го прифатиш кога имаш триесет години, кога мислиш дека светот е твоја бисерна школка, понизно ќе го прифатиш на педесетгодишна возраст.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За кутрине геј-мажи што имаат триесет и некоја година, кои наводно се држат за старомодна и веќе бајата верзија на машката геј-култура – верзија на машката геј-култура што не му значи ништо и му е неупотреблива на некој што е тинејџер или што има дваесетина години – очигледно се истине што, само некоја годинка пред тоа, впрочем, биле исти онакви тинејџери пионери и ги проодувале првите невини чекори во бодриот нов свет без хомофобија, несвесни за геј-културата и индиферентни кон неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш имаше триесет и осум години; две децении пред тоа го молеше татко си да ѝ дозволи да студира медицина, но Зигмунд веруваше дека студиите не се за девојките, па таа, како и Матилда и Софи, не се запиша на универзитет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стоев во претсобјето, мирисот беше ист како и пред да заминам, оној мирис кој го донесовме со себе кога се вселивме во тој дом кога имав единаесет години, и кој остануваше непроменет и откако Зигмунд се отсели кога имав дваесет и една година, и откако се мажеа и од домот заминуваа моите сестри, и по заминувањето од дома на брат ми Александар, тој мирис на нашиот дом остана ист и откако умре татко кога имав триесет и четири години, една година пред да заминам за Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Забраната за образованието не ја натера да се оддалечи од него; му стана уште поприврзана, ги мразеше сите жени кои му беа блиски: си ги мразеше сестрите, ја мразеше тетка си Мина затоа што патуваше често со брат ми, ги мразеше и госпоѓите кои, покрај брат ми, ја проучуваа психоанализата, и единствено со една од нив, со Лу Саломе, ја врзуваше блиско пријателство, нешто што можеби ќе се претвореше во голема и страсна љубов, да не му го имаше ветено своето срце на друг – на татко си.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седнавме на креветот. Ми кажа дека од сѐ што му оставиле оние кои го посвоиле, му останал само виенскиот дом на улицата Шонлатерн, сѐ друго отишло на пиење и коцка, или поточно, сѐ друго отишло на коцка додека пиел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Останал истиот и без мене овие седум години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој сега имаше триесет и четири години, една повеќе отколку што имаше неговата мајка кога ја сретнавме едно понеделничко утро во беспризорниот кварт на Виена, и наликуваше на неа не во изгледот - таа тогаш, години пред тоа, му кажа дека го препозна затоа што личел на татко си – туку во начинот на кој старееше: беше проќелавен, забите му се ронеа, а коските му се искривуваа – прстите му беа чудно извиткани, и накривнуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имам триесет и три години, а сѐ уште чекам животот да ми започне“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И на шеесет години тоа беше исто толку силно колку кога имаше триесет.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Герасим од Побожјане почна: „Си биле еден цар и една царица и имале триесет и деветмина синови, а најмалиот бил најумен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не верувале дека таа грлена споулавеност е на избеганиот Онисифор Мечкојад, негде скаменет од гнев или со свои нокти распарчен и расфрлен со свои раце по таинственоста на ноќната земја. ... зошто си се отворила ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Си биле еден цар и една царица и имале триесет и деветмина синови, а најмалиот бил најумен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Си биле еден цар и една царица и имале триесет и деветмина синови, а најмалиот бил најумен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се тргнав, пак со грлен извик и пак бев меѓу луѓето, меѓу нивните сенки и воздишки на претсмртници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Но тој отиде, нè остави без да прослови клетва.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Јас имам триесет и девет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мора да е некаде околу тој датум, зашто беше прилично сигурен дека самиот тој има триесет и девет години и веруваше дека е роден во 1944 или 1945 година; но сега беше невозможно да се утврди каков било датум во рамките на една или две години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Погледнете уште еднаш. Јас имам триесет и девет години и четири деца. Сега гледајте“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Значи јас сега имам триесеишес, а тој има триесет години.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А Оливие, најстариот син тој сега има триесет години, но некако не му се брза, нема ниту некоја посериозна врска.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Јас тогаш нејзе ѝ реков вака: „Месецот во којшто влегуваме сега има триесет и еден ден“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А, Гоки! Женска и пол, иако има триесет години, изгледа и се однесува како да ни е другарка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Играме по цел ден карти со нив двајцата и немаа совети од типот: „ајде земи книга, читај”, или – „не туку се дебилосувај, фати се за некоја работа”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)