изјави (гл.) - дека (сврз.)

А, пак, во поглед на дозволеноста на отказот – како трудовоправен институт, работникот може да го откаже договорот за вработување ако писмено изјави дека сака да го откаже договорот; работодавачот, пак, може да го откаже договорот само ако постои основана причина за отказ поврзана за однесувањето на работникот [лична причина или причина на вина] или ако причината е заснована на потребите на функционирањето на работодавачот [деловна причина].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, ова добро дело на Марковски – кој притоа дојде во отворен судир со финансиската директорка на друштвото (В. Боцевска) – веднаш беше „наградено“: тој следниот ден, од страна на генералниот директор (Љ. Митрески), доби отказно решение бр. 01-13/7 за престанок на работниот однос без отказен рок, по- ради поднесена Пријава од истата директорка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Благодарение на средствата кои ги доби како последица на позитивно разрешениот судски спор, операцијата за пресадување и заменување на оштетената рожница со нова, како и пост-оперативното лечење, станаа реалност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Р.М. изјавува дека, доколку некогаш во иднина му биде пов- торно повредено некое право од работен однос, пак би тужел – сè додека истото не го добие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Напуштањето на Медицинскиот центар од страна на Р.М. немаше никаква врска со претходно водениот работен спор, туку едноставно се работи за наоѓање ново работно место во градот каде што тој живее. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во Решението се наведува неиздржано образложение дека Марковски, кој побарал писмена информација за причините за неисплата на хранарина  ги злоупотребил и пречекорил овластувањата регулирани во Колективниот договор за уредување на правата и обврските на работниците во МЗТ „Пумпи“ АД Скопје3 и дека сторил тежок прекршок на работниот ред и дисциплина поради тоа што, во директорската канцеларија, изјавил дека работниците ќе штрајкуваат доколку не им бидат исплатени заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После сето ова, таа решително 212 изјавува дека доколку во иднина повторно ѝ биде прекршено некое работничко право, без двоумење пак би тужела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Полн со горчина, Duchamp 1920. изјавува дека сака да стане „инженер”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Осомничениот изјавил дека е невин.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
311 Оваа констатација ја потврдил и Маклин кој на 2 февруари 1945 година го известил Министерството за надворешни работи дека тоа го потврдил и Светозар Вукмановиќ - Темпо кој изјавил дека во Македонија „сé уште постои лошо чувство меѓу Србите и Македонците“ како остаток од претходната политика на “српскиот централизам“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во времето кога се воделе преговорите претседателот на НКОЈ Јосип Броз Тито изјавил дека тој никако не би се согласил на сујуз со Бугарија во кој Бугарија би била рамноправна со Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Казните не се само парични туку и затворски, му се закани Шајчевска на Метакот, кој изјави дека изгледа ко шведска порно глумица од шеесетите на нејзиниот предизборен билборд.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но, ако е тоа така, тогаш не ми е јасно зошто јас сум андер­граунд, кога мојата единствена желба беше луѓето да ме забележат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јонас вели дека тој израз прв го употребил Мени Фарбер, во својата статија за непризнатиот холивудски low-буџет на режисерите во магазинот Коментар, и дека Дишан на некое филаделфиско отворање изјавил дека “going anderground” е единствен начин уметникот да создаде нешто вредно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога јас го користам тој термин, подразбирам дека тие филмови се нискобуџетни и не-холивудски, обично работени на 16 мм. (за среќа, пред крајот на шеесеттите, овој термин е заменет со “независни фил­мови”, што е најблизу до она што тие филмови и беа).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи комплетната еквивалентност (во смисла на синонимност или еднообразност) не може да биде замена за која и да е од неговите категории, Јакобсон изјавува дека сета поетска уметност, според тоа, е технички непреведлива: Можно е само креативно транспонирање: или интралингвално транспонирање - од еден поетски облик во друг, или интерлингвално транспонирање - од еден јазик во друг, или конечно, интерсемиотичко транспонирање - од еден систем на знаци во друг, на пример, од вербална уметност во музика, танц, филм или слика.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Чикатило понатаму изјавил дека неговиот канибализам е резултат на “сексуалната неадекватност и репресивниот советски систем” (sexual inadequacy and repressive Soviet system”).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да се потсетиме и на – Фелини кој јавно изјави дека неговиот филм „Осум и пол“ е правен под дејство на психеделичкиот фактор!
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Прашаа дали во една прилика сум изјавил дека имам намера да ја избегнам воената обврска, за да студирам џез-академија во Берн. Реков дека да.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По тој повод Христов изјавил дека во својот живот тој само два пати доживеал врвно духовно и морално задоволство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пред да биде уапсен поради реметење на јавниот мир (зошто се обидуваше насилно да ја свлече растревожената Чикита), тој стигна да изјави дека изборот за мис е чиста провокација; имено, татко ѝ на Чикита е водич на „федералистите“, а и нејзиното бикини било во боите на националното знаме на големиот сосед“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На прашањето на новинарката за изборот на просторот за организирање на неговите творечки можности, режисерот изјавува дека е претставник на генерација која пет пари не дава за институционалната уметност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таа, ни пет, ни шест, јавно изјавува дека најмногу и се допаѓаат театарските фестивали, то ест претставите од странство.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Имено, Боно за „Ајриш индепендент“ изјавил дека е во голема опасност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На судот ја ислушаа фирмата, нѐ ислушаа сите работници што работевме на зградата, и почна расправијата: едно судење, две, три; едни тврдеа едно, други друго; главниот сведок што бил во близината на Ѓеро, на последното судење ја сврте работата изјави дека Ѓеро бил крив; скокна Анастас во судницата, свика: нема човештина, нема совест, за пара и душите си ги продаваме и во лутината му удри шлаканица на главниот сведок; настана расправија и Анастас го осудија на три месеци затвор; издржа еден месец и го пуштија бидејќи плати глоба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Валери изјавил дека нашата епоха е модернистичка само тогаш кога „во сите култивирани глави, една покрај друга, слободно егзистираат најразлични идеи и најспротивставени животни и сознајни принципи”, при што „за ист предмет имаме различни мислења коишто со проценувањето неоспорно се менуваат”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како нови основи фигурираат: а) одбивањето вработување со полно или скратено работно време, кое не е помало од половината од полното работно време, а е соодветно на образованието, знаењето и можностите на невработеното лице; б) прекинувањето на обука, преквалификација или доквалификација по вина на невработеното лице; в) исполнувањето услови 72 за стекнување право на пензија (покрај веќе постоечката основа која предвидува остварување право на пензија); г) затекнувањето на работа кај работодавец од страна на надлежен орган; д) неоправданото одбивање привремено вработување во исклучителни случаи (поплави, земјотреси, неопходно извршување на земјоделски работи и слично); ѓ) одбивањето работно ангажирање за вршење на јавни работи; е) одбивањето вработување на работно место за кое се бара пониска стручна подготовка од онаа на невработеното лице, а ако тоа, непосредно пред да остане невработено, со своја согласност, работело на такво работно место или изјавило дека прифаќа вработување и на понизок степен на стручна подготовка; ж) нејавувањето на покана на Заводот за вработување од неоправдани причини; з) небарањето активно работа во последниот месец и ѕ) неизвестувањето на Заводот во рок од осум дена за секоја промена која е услов или основа за стекнување, остварување или губење на правото на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На 20 јануари 2005 година, само три дена по усвојувањето на измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, со кои значително беа намалени правата на работниците кои по сила на приликите се без работа, тогашниот министер за труд и социјална политика Стевче Јакимовски најде за сходно да изјави дека е потребно „оној што работи да не биде заштитен како мечка во планина туку да тој биде изложен на оценки.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
При распитот што инспекторот го извршил во гостилницата Црвен рид, а во врска со посетата на М. Ѓурев на гостилницата, беше наведено: Гостилничарот изјави дека тој лично бил на џамлакот и го следел доаѓањето на градскиот човек М. Ѓурев уште од моментот кога тој се појавил на ритчето, значи уште пред да почне да се спушта по патеката покрај редицата тополи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но исто така го немаш спомнато ни оној случај: кога си останал счудовиден од намерата на Господ Саздов да си ја изврши граѓанската должност откако во твое присуство изјавил дека ќе ги обавести надлежните служби за противдржавното однесување на тројцата развластени команданти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Многу слободна, дури и искривена интерпетација! – реков – Не стануваше збор за никакво счудовидување туку за обично разменување на размисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еднаш, пред некоја своја најдобра пријателка, заборавив како се викаше, истата таа девојка од куплерајот, (Розе ли, Сузи ли, татко ти никогаш не паметеше имиња), божем изјавила дека постои можност да го напушти ова штипско буниште сместено дури во грдото Горно Маало.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„И тоа мое заминување од Штип, ќе го сторам“, рекла Сузи, „со Црвенокосиот“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е,тогаш Анатолиј за првпат спомнал, и тоа, замисли си, во нејзино присуство а без да ја предупреди, дури и без да побара согласност од нејзина страна, едноставно човекот изјавил дека има намера да се жени и дека токму нејзе ја избрал за невеста.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Исто така интересна за американскиот известувач била и информацијата на Смодлака, "Титовиот министер за надворешни работи", кој изјавил дека бил "постигнат конечен договор со Бугарија, според кој последнава ќе ѝ ја отстапи Бугарска Македонија (веројатно Петрич и Неврокоп) на Југословенска Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како потврда на ова, изворот ги цитира зборовите на Раде Прибичевиќ, кој истакнал дека "на последното заседание на АСНОМ официјалните претставници на Бугарија изјавија дека Бугарија е подготвена да ѝ го отстапи нејзиниот дел на Македонија на нашата држава".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во Фонтана, Дишан - или „Р. Мат” - се обидува да изнајде („демонстрира”) дали „направата” (писоарот) е „доволно цврста да издржи” намена поинаква од онаа за која е наменета - имено, може ли да се искористи како уметничко дело? (Дишан изјавил дека „не е важно дали господинот Мат самиот ја изработил фонтаната или не. Тој ја ИЗБРА.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Потоа дознавме, го принудувале во штабот да ја земе Паца.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А тој се спротивставил и изјавил дека нема никаква врска со неа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На татко ѝ Бугарите му вршеле притисок, па тој во весник изјавил дека ќе биде награден тој што ќе ја фати или убие неговата ќерка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Домаќинката на куќата во која Георги живеел под кирија изјавила дека набргу по експлозијата кај „Алхамбра“ видела како тој дошол дома силно возбуден.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Турскиот пратеник, изразувајќи задоволство од симпатиите што му биле укажани на султанот, им изјавил дека нивната молба не можела да биде уважена, бидејќи турската војска и полиција за кусо време ќе ги ликвидираат „бандитите“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Орце пред Гоцета го искажал своето огорчување за неоправданите клевети и заплашувања што Гарванов ги упатувал против нив и изјавил дека, ако некои од гемиџиите во Солун, Велес или на друго место настрада од луѓето на ЦК, тогаш тие немало да го бараат физичкиот убиец, туку ќе се одмаздат со убиство на некои од членовите на ЦК.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Милан Арсов изјавил дека Поцев добил задача да го дигне во воздух паробродот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сарафов изјавил дека сето тоа било голема клевета против него205.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Богданов изјавил дека бил врбуван од Орце, од Коста и од други, да му пристапи на Кружокот дека тој одбивал, но на крајот се согласил.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој изјавил дека бил член на Кружокот, дека учествувал во копањето на каналот, дека скрил кај себе бомби и гилзи итн.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој изјавил дека не сака никому да му дава сметка за оние суми што лично ги нашол без да го ангажира името на емигрантската организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За да ги придобие присутните на Конгресот, особено колебливците, да гласаат за востание, ЦК изјавил дека “ги зел предвид расположението и заинтересираноста на европската дипломатија кон нашето народно дело“, Гарванов се повикал на францускиот амбасадор во Цариград, кој наводно рекол: “Ако во Македонија се дигне едно движење, сигурно ќе и се дадат широки права и дека, ако востанието издржи две недели, Бугарија ќе влезе во војна“79.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Симеон Радев, кој тогаш студирал во Женева и бил близок соработник на Сарафов, подоцна изјавил дека Орце отседнал три дена во неговиот пансион.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)