Ружа, која штотуку повторно ги беше наполнила оружјата за миг, неочекувано, пред да изусти збор, беше разоружана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ѓорѓи слуша како тропа земјата врз кивурот и веќе не може ниту да заплаче, ниту да изусти збор.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Истоимениот дојде до клупата, малку се поуми беспредметно барајќи се со рацете долж ременот на панталоните в лево и в десно. Не се ни обиде да изусти збор.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ниту еден немаше сила да изусти збор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Побрзо ѕвезда ќе паднеше отколку тој да изусти збор.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Високиот службеник го зграпчи писмото целиот избезумен од радост, го отвори со растреперените раце, ја ѕирна содржината, а потоа, итајќи кон вратата со несигурен чекор, испари од собата и од куќата без да се поздрави, без да изусти збор од мигот кога Дипен му побара да го пополни чекот.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)