Но, четири години подоцна, колку што време беше потребно законодавецот да сфати дека погрешил, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, оваа чудна и нелогична законска одредба комплетно беше избришана (чл. 27, ЗИДЗРО/окт.09); в) за прв пат се воведоа и одредби за престанокот на дејствувањето на овие асоцијации, и тоа поради следниве правни основи: (1) ако така одлучи извршното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува за престанок; (2) ако од одржувањето на седницата на највисокото извршно тело на асоцијацијата, без посебно важни и оправдани причини, поминало двојно повеќе време од времето со кое со статутот е определено дека таква седница мора да се одржи; (3) ако бројот на членовите на синдикатот, односно здружението се намали под бројот определен со овој закон за основање на синдикатот, односно здружението; 31 и (4) ако му е изречена забрана на дејствување на синдикатот т.е. на здружението, со одлука на редовниот суд. 32 Постапката за забрана на дејствувањето на асоцијацијата се покренува на барање на органот овластен за регистрација или, пак, надлежниот суд. 33 Изреката на правосилната пресуда за забрана на дејствувањето на синдикатот, односно здружението, се објавува во Службен весник на РМ (чл. 201-202, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, покрај ова, во 2005 година за прв пат е воведена и можноста оној работодавач кој двапати сторил една иста повреда за која му е изречена забрана за работа, да може да си ја откупи т.е. да ја замени со паричен надомест во износ од 150.000 ден. – по доставување на доказ дека средствата ги уплатил на сметка на Буџетот на РМ (чл. 259, ЗРО/05)!?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Пријава, пак, за поведување на судска постапка, во случајов, поднесува инспекторот на трудот (чл. 6, ЗИДЗРО/дек.08); • второ, дојде до прецизирање кај правото на инспекторот, да му изрече забрана за вршење на работата на работодавачот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)