изнесе (гл.) - надвор (прил.)

Сѐ сакаш да изнесеш надвор од срцето, да го видат сите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, веднаш ќе додадам: со појавувањето на Ѓурчин во моите размисли многу често наидуваше и една цеала толпа горчливи сознанија!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ѓурчин е секогаш првиот што ми иде на ум кога ќе се обидам да го изнесам надвор од себеси оној куп ноќи и денови, што повеќе наликуваа на сон а не беа ни сон ни пуста надеж туку многу често се прелеваа и во реката на недосонуваниот живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Снежанка сигурно беше гладна, мртвата овца требаше да се изнесе надвор, другите овци и говедата да се приберат и да се нахранат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Да го изнесе надвор од куќата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Целата ископана земја не можела да се чува во визбата; еден дел требало да се изнесува надвор од дуќанот и некаде да се фрла, а тоа било многу ризично.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Требаше да се смете внатре во колибата, да се средат расфрланите работи, да се донесе вода, да се измијат паниците, лажиците, требаше да се истресат и чергите, кои дедо му од есента сигурно не ги имаше изнесено надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сѐ е изнесено надвор, на увид на сите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)