изнесе (гл.) - мој (прид.)

А ако сте согласни, да ви го изнесам мојов план.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ако некој не е согласен, ќе може ли да додржи, барем да не не издаде — праша момчето место да почне со изнесувањето на својот план.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На 24.11.1903 год., додека Мисирков сѐ уште беше во Софија, Е.Спространов му пишува на бугарскиот министер-претседател Р.Петров: „Независно од тоа како и на ова мое писмо ќе погледнете, должен сум да ги изнесам моите грижи по повод брзото ширење на македонското национално движење, кое не само што ја зафати Македонија, туку наоѓа одзив и овде меѓу македонската емиграција, а најмногу кај интелигенцијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- А потоа, имаме потписи и од неколку партизански курири.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Јас ништо не мислам. Се движиме во сферата на претпоставките - рече Даскалов. – Всушност се обидувам да ги изнесам моите размисли во однос на твојата претпоставка што се темели на произволно искажување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но јас сум должен да ги спомнам забелешките што ги изнесоа моите правни служби при оценката на барањево.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем ако сакала и ако било потребно Таша ќе ни помогнала да ја узнаеме вистината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Моето пишување на балканската сага е и потрага по семејните соништа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не сакајќи да навлезам во толкувањето на вашиот сон кој се случува во Македонија и е можна сенка на актуелни настани, би сакал да ви го изнесам моето често сонување кое најчесто се случува преку границата во мојот роден град Поградец, на брегот на Охридското Езеро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се согласи (иако не сфатив со каква цел) дека ременот има волшебна моќ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Можеби имаш право - се согласи со мене Господ Саздов кога му ги изнесов моите гледања во врска со приказната за овој случај.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)