измие (гл.) - рака (имн.)

Рушка донесе вода, сите ги измија рацете и вечераа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- И после? - праша татко му.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Преку реката пак, Сандре Марче местеше телевизиска антена на ниското куќарче; Коте Буџе, во тремот на плевната, ја гледаше новата крава, швајцарски сој, што ја беше купил, плукајќи во правта долу, да не ја зарече; Пере Катин спремаше дупка за вар за домалтарисување на новата куќа, која досега беше малтерисана само одвнатре и последен пат си изми раце со потурување од стомне; двајцата сопственици на продавниците, како договорени, ги чистеа и ги прередуваа излозите, а по уличките на селото и на малите празни места, на плоштатките, децата си играа слободно по завршувањето на школската година.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вчера за ручек, жената на Јован, Ратка, му потури на Пандила да си измие раце.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И денес забележав како Ратка му потурува на Пандила да си измие раце и како тој не го крена погледот кон неа, не знам, дали од срам или од почит, или пак заради некоја скриена мисла и тајна желба.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не верувам ни дека ги изми рацете после серењето.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Колку и да ги учеа па и воспитуваа на училиште да си го прибираат цртачкиот прибор по часовите; колку и да ги навикнуваа на ликовната академија а и на постдипломските студии да си ги избришат четките, да си ги затворат тубите и да си измијат рацете со сапун од сезможните бои и терпентини, пред да седнат над чиниите во интернатската менза - Гого не ги прифати тие придобивки на цивилизацијата и како за инает го правеше спротивното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Крај на третата книга.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Максим се свртува, го зема палтото од Васила но не го облекува, го стуткува под мишка и продолжува да граба пред Васила и пред Карамана - што побргу до стигне на Коритница, за таму, во некое од коритата, не на Кладенец, за да не ја испогани водата, да си ги измие рацете и да го измие секирчето, - да не однесе крв дома, меѓу децата, кои сè уште не се пораснати за такви работи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ПАНДЕ: (откако си ги измива рацете вади шамија од појасот и си ги брише, а потоа и устата и мустаќите).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: Кате, дај го ваму леѓенот и ѓумот, потури му на Пандета да си ги измие рацете.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Но Русија неколку пати официјално си ги изми рацете пред крвопроливањето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со други зборови, таа си ги изми рацете за сите несреќи од едно востание во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Намерата (искажана со невидена мирнотија) е да го реши својот сексуален проблем така што ќе престане да му се згадува сексот со девојките, затоа што со истиот испробан метод престанува да му се гади од татка си, откако ќе појде на чешмата и добро си ги измие рацете... (Што, по ѓаволите?!..)
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Мисли сѐ спасил, ги измил рацете, израмнето е сѐ, сега доста, збогум животу!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таа само го остави лебот на масата, го префрли шалот на столицата, ги изми рацете и молкум седна да појадува со наведната глава.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Госпоѓа Мариела ги стави кредата за пишување и сунѓерот во шкафот до школската табла, ги изми рацете на чешмата во аголот на предавалната и со брзи чекори по скалите, слезе на приземјето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Си ги изми рацете и помина со влажните раце низ својата руса коса.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Така ничкосан дедо Петре си преповторува сè што се случувало на тој дамнешен Велипеточен Ден: судењето Христово кај Кајафа, за Пилата - кој си ги измил рацете - си ги измил рацете - ја отфрлил вината дека здивениот народ Христа го барал за распнување на Крст...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Митра го истави грнето од огништето, го зеде ѓумот со вода и леанот па им тури да си ги измијат рацете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајсторите слегоа долу, си ги измија рацете, ги скрстија нозете и седнаа околу чергата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Сепак, посоветувај ја девојката дека саможртвата не се исплатува – продолжуваше со советите Грофот без да си ги измие рацете – таквите истапи, како нејзиниот, доведуваат до прераспоредување на вината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- За каква вина станува збор – речиси извикав – освен ако не мислите на вашата конструкција дека ми ги смалува тешкотиите околу моите проблеми божемното заземање на висока личност?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И најпосле – ручекот стаса. Зоки прв си ги изми рацете, и, се разбира, исто така прв седна на масата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Вели: „Најнапред му поливав под оревот да си ги измие рацете, потоа почнав да му поливам да си го измие и вратот, и најсетне, кога генералот се свлече до половина, пустата јас, и не ми требаше многу а да не забележам дека тој и не бил само генерал туку и мажиште“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да си ги измиеме рацете и ќе почнеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Добро смирете топка, да кренеме весниците, да измиеме раце. Мама Зата ни подготвила ужина“, рече Влатко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)