измие (гл.) - лице (имн.)

Си го изми лицето со студена вода за да си ги избрише трагите од солзи и, без да се нашминка, ја напушти куќата од предната врата, која многу ретко ја употребуваа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мајка вели дека требало да си го измијам лицето за да не фаќа сонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поглед на едни очи во една соба за двајца... солзи за да ми го измие лицето од секојдневието.. една прегратка за вечност за да ја чувам во себе себично додека дишам...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Тргнала коси на страна, измила лице, удрила скопци — решмиња, павти — сивџири, а на нозете ластикини чевли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)