измие (гл.) - ги (зам.)

- Ајде, измијте ги рацете, - ни се обрати на двајцата, - ќе ви пресечам од питава. Со зелје е.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не дозволувај да те обземе досада, од неа направи штрудла со вишни, и измиј ги садовите.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
1. Немојте да штедите на сапунот, добро измијте ги ушите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)