Па, сепак, и покрај силното препотување, и покрај тоа што сѐ му се сплетка и измеша во главата, и покрај госпоштината со каква тој по прв пат се сретна и се уплаши од неа, реши да остане упорен и да ги прекори.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сѐ заклокоти и се измеша во една црна и јаросна маса.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Бараните сличности и различности се беа измешале во нејзината глава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сите тие светови наеднаш се вкрстија и се измешаа во една речиси законита точка, во земјата од онаа страна на огледалото, во Америка.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На ова Гоше кивна, нешто му се измеша во желудникот, се наведна, се фати за устата со левата рака и, држејќи се со десната рака за газот, блед и разбушавен се стрча кон спачекот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Беше таква некоја ѓаволски празнична ноќ и се она, на што пред тоа мислеше, се згусна од облици и од бои и се измеша во епруветата на ноќта, се расплива, остави зад себе нејасна празнина и волчо завивање на неговата глад и неговата љубов.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Таа беше болна и мораше да умре поради тоа што го направи тој, и гризењето на совест се измеша во неговото срце со чемерот што му се вгнезди.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Многу е измешано во твоите тефтери, ибн Пајко ефенди!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Чепка во торбата, во чиниче измеша во вода од расипаното брашно и му го подаде на Кузе, велејќи му со глас на бајачка: - Изеди го ова и фрли го појасот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
На Еразмо се му се измеша во главата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
На крај градот, истите стражари - италијански војници, го запреа. Го претресоа и измешаа во солта.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Каде живеел чиновникот што ги беше поканил, за жал, не можеме да кажеме со точност: помнењето започнува силно да нѐ изневерува, и сѐ што се однесува на Петербург, сите улици и куќи се слеале и толку се измешале во главата, што е мошне тешко да извлечеме оттаму нешто што би изгледало пристојно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)