Во 1981, чешките научници Џ. Шмид и Џ. Новосад со помош на чувствителни апарати за мерење на притисок успеале да ги измерат силите што притискаат врз основата на еден куп песок. Откриле еден изненадувачки факт. okno.mk 97
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Веќе го напуштивме франкфурт, кога го заобиколивме големиот фудбалски стадион, каде што нашите фудбалери ќе си ги измерат силите со шпанските - за влегување во светското фудбалско првенство.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- И самиот рече дека некој настојува да ја скрие од тебе вистината, или нешто слично – ме враќаше на поранешниот исказ Стариот писател – па и да е така мислам дека не треба да се злоупотребува едно вакво толкување на нештата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Гавранот нѐ остави да си ги измериме силите.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- сакав да му возвратам на Зрновски, (или му возвратив!); посакував дури и да го навредам но ниту една мисла не подзапираше за да ја здогледам докрај, за да ѝ ја измерам силата, па се џарев во Зрновски збунет и беспомоќен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)