измени (гл.) - работа (имн.)

Додека дивечот, (волците, мечките, лисиците, зајаците, јазовците, ласиците, смрдулките и куните) зашто нема кој да го прогонува и лови, се намножи до загрижување, преку цел ден и преку цела ноќ, страв да те фати, слушаш како тулилка, завива, кашла и си ги секне грлата во гората и во полето, птиците, пак, си мисли на барските, (чапјите, норците, галебите, пеликаните, кормораните, дивите пајки и дивите гуски; штрковите следејќи ги старите навики и стариот инстинкт, сѐ уште ѝ се верни на Потковицата, населбата на Станкоски Рид готово ја претворија во колонија на штркови: на покривот на секоја куќа, на оџакот на секоја напуштена куќа, има направено седело од штрк по мелиорацијата на мртвиците и Блатото, сосема, сосема, се изгубија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако се засегнат нивните капитали, тие пак ништо нема да направат, зашто немаат намера да ги изменат работите во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со птиците, паи, и со дивечот во Потковицата во многу нешта и на лошо се изменија работите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)