— Ами како шо знајш. Лели сме го правеле пустиот план.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И навистина, еден есенен ден, кога веќе беше прибрана сеидбата од полето, Толе им го изложи својот план на Митра и Андона за бегање во Бугарија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И сега, ете то, го теши Митрета и му го изложува својот план: — Каде е на конак аскерот? — Долно маало — одговори Митре.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој човек може да ја употребува туѓата азбука и за гласови од неговиот јазик или да ги изложи своите мисли со помошта на туѓа азбука.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Неговиот живопис некојпат го критикуваат заради реализмот, но Музејот на современата уметност во Њујорк му ја купува сликата „Мона Лиза на возраст од 12 години“. 1966 - 1972 Ботеро ги изложува своите дела во Европа, патува по Италија и Германија, на свој начин ги интерпретира Дирер и Мане.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Првпат Ботеро ги изложува своите дела во 1948 година.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ботеро сега живее и работи во Њујорк.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Пред да ги изложат своите жртви на јавни судења, свесно настојуваа да им го уништат достоинствто.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со оглед на аристократскиот дух, каков што е Marcel Duch- amp, состојбата во која се нашол сликарот во граѓанскато општество на преминот од 19. во 20. век (сеедно дали се работи за званичен сликар кој секоја година во Салонот го изложува своето дело - да ги прелистаме малку Apollinaire-овите Уметнички хроники за да се присетиме на некои денес делумно заборавени имиња, како што се Dubufe, Carolus-Duran, Dagnan-Bouveret - или за сликар од Монтмартр, чирак како Raffaellia, со кого Duch- amp, конечно, делеше сѐ во текот на последните години од своето престојување во Париз) не беше нималку подобра од фактот дека во времето на Leonardo сликарството се сметало за механичка уметност, а сликарот имал третман одвај нешто подобар од домашниот слуга или собар.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Токму Грев е расказот во кој Ренџов ја изложува својата поетика, дека „вистинскиот расказ треба да има нешто измислено“, а тој напишал расказ кој не е „вистински... зашто, сè што е запишано во него, вистина е“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тогаш ќе можат да ги рашират своите недоразвиени, и како перки, крилца, ќе прваат со нив и мрзливо и нежно ќе се одмораат на земја за да ја изложат својата розова кожа на хранливоста на сонцето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Капетанот ги повикал властите и им ги изложил своите сомневања174.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
На 47 години, тој е татко на поп музиката (амбиентала), продуцент на албуми на рок ѕвезди, и редовно ги изложува своите мултимедијални уметнички дела во музеите и галериите.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Британците биле опседнати со стравот македонското национално прашање "да не излезе надвор од контролата, што би можело да доведе до цоупс д’етат и до меѓусебни судири".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа сепак бил знак да се преземат извесни активности со чија помош Британците би ги заштитиле своите интереси во Грција бидејќи тие биле свесни за фактот дека при крајот на 1944 година "Грција била премногу слаба за да ги изложи своите интереси на Балканот".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Акционистите беа следени со цели редици уметници што ги загрозуваа сопствените тела.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Марина Абрамовиќ во Ритам 2 (1973) едновремено зема таблети за шизофренија и депресија, а во Ритам 0 (1975) шест часа на публиката ѝ го изложува своето пасивно тело покрај низа од предмети меѓу кои се наполнет револвер, нож, боја и пердуви.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И во неделата пред да се пренесат пљачките на Пелагија во подареното одајче, речиси во последните сончеви есенски денови кога зајдисонцата просторот го претвораат во надреален пејсаж, таа го изложи својот живот пред неа без ништо да скрие, го разголи до толку многу што можеше да се чуе како пука голата кожа и шурнуваат безброј бразди крв. Ѝ кажа за силувањето во селото на денот на Богородица, дека едно војниче од мајка родено, не сакал да ја расипе, ама затоа пак добил куршум в чело.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ќе му кажам на Бредшо дека може да ти даде на кредит сè што ти треба.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
“ Стариот достоинствено ја изложи својата мака до детали, искрено и со благо воздржување.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Така, кога Г. ни го изложи својот начин на пребарување на куќата на Д., бев целосно убеден дека добро ја спровел истрагата во границите на неговите способности.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Заменик-директорот му дава „совет“ тој да напише молба за ко- ристење на годишен одмор, додека не се смират страстите и не се реши неговата ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, по ова, во септември 1999 Авдиќ добива отказ без отказен рок против кој благовремено поднесува писмен приговор до УО на претпријатието4 – и којшто, во ноември 1999, му е одбиен како неоснован, без тој воопшто да биде известен и повикан на седницата на УО за да ја изложи својата одбрана!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)