И еден ден, месецот не го паметам, тоа беше 1949 година, таму каде што ги пасев овците, на Присојо, близу границата, пред мене излезе татко.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Сине, ти си тука?! - излезе Татко од сиџилите, со благиот глас којшто, како некогаш, го ублажуваше изразот на енергичност од неговото лице.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кога ќе излезе татко или мајка да види кој тропа, кажи се дека идеш од Америка, ама речи дека си од град и оти како на пат ти се расипал автомобилот та не можеш да си одиш до дома.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Нѐ погледна со еден чуден, длабок поглед, со кој прелета преку сѐ што ја опкружуваше, како да сакаше сѐ да впие во очите; мајка ми, нас, кујната, дрвениот плафон, печката, прозорецот, вратата низ која пред малку излезе татко ми, онаа истата преку која самата таа, заруменета од средбите со него, полна со радост, го внесуваше садот со пресното млеко што во топлите квечерини го носеше Јон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)