Всушност, едната клепка ѝ беше сѐ уште подотворена и од белката ѝ излегуваше една студена светлинка во која се гледаше сиот грешен свет со кој беше се сретнала.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Излегува еден стар човек и ќе рече: — Нели е срамота да тепате девојче во жал?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На градите му излегува една црвена пара, се шири и тептисува на алиштата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се цепам така, а на вратата излегува една пристара жена и ме гледа озгора до долу.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Излегува едно бугарско војниче откај Илија и се свртува кон окопите наши.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)