А тоа воопшто не е некој лесен трик.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тоа значи дека феминистичката политика зависи од можноста да се гледа на родот како на улога, како на изведба, како на нешто што не е природно и автентично.397 Машката геј-култура, како што се обидов да ја опишам, е сосема усогласена со тој проект и му нуди силна поткрепа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа, жените треба да смислат како да ги искористат, ако можат, престижноста и општествените придобивки што им ги става на располагање конвенционалната женственост, без да си купуваат угледност по цена на сопственото обезвреднување, на сопствената тривијализација и абјектност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во најмала рака, феминистичката политика изискува делумна десимболизација и дереализација на женственоста како што денес се дефинира и како што денес се практикува и се спроведува; таа налага одглобување на женственоста од женството и од женскоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)