издржи (гл.) - тежина (имн.)

Оној под него и ранет ја издржал тежината. Ја копал земјата со нокти во пребавното подавање кон една од пушките и се влечел по црвеникавата земја чеперок по чеперок со мачење на гасеница во чија жолта крв се шири отров од осина боцка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се олабавило, со цело лице се обидело да го побара својот убиец стреснувајќи се од темната врелина што му џбурнала од полуотворената уста и со расширени раце, чиниш со мртвото тело, сакало да го заштити оној што можел да му биде татко, заштитник или учител на вакви сурови часови, паднало врз прпелкавиот грч.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
-Дадени ни е она што можеме да го издржиме и да го совладаме како страдање или болка, физичка или душевна сеедно., исто како дрвото што може да ја издржи тежината на своите плодови.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Душемето во одајчето уште беше доволно здраво за да издржи тежина на човек.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но сега Германија беше спроти него и тие двајца, тој и Германија, го држат диференцијалот кренат; треа да го пренесат некаде, но Германија, дали затоа што не може да ја издржи тежината или затоа што така сака,со намера е да го пушти, да го остави Еда сам со таа тежина, иако тој го држи само на едниот крај.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Покрај ѕидот до џамлакот подигна подиум колку педа висок и го покри со дебели талпи, што може да издржат тежина од дузина нозе, па го остави жена му да го постеле со ткаени черги од чеизот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)