Во таквите куси мигови, кога успеваше да заплива сам во таа белина, чекорот му стануваше лесен како на елен, а во него се насобираше некое гнездо топлина, што раздразнува меко, гаделичкајќи го во градите, и му беа потребни само уште неколку такви, длабоки и слободни здивнувања, за да ја изгуби сосема тежината на туѓото присуство и да запее, да вресне нешто без смисол и без ниеден збор, само еден див долг и ослободен вресок.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ибн Пајко и натаму си продолжуваше по свое, додека не изгуби сосема здив.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)