- А Шарлаган- кан? –праша еден момчак. – Што ќе правиме со него?
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Можеби ако се качеше на малото чардаче пред плевната и ако ѕиркаше кон коријата, ќе видеше нешто, ќе видеше десетина рала вжарени очи, но сепак, среќа негова што го фати страв, па не се решаваше да се оддалечи, среќа негова што не ги виде, инаку можеше сосем да му се потчини на стравот, па да изгуби моќ, за здраво размислување.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Морам да го најдам центарот на светот, и себеси да се поставам во него, за да не паѓам; во циркусот за мене веќе нема место, од пред некој месец, кога ја изгубив моќта да правам секакви вратоломни ѓаволштини.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога ќе мине денот и кога ќе мине ноќта, моите чинки ќе ја изгубат моќта и гардистите пак ќе се будни.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
На такви размисли го поттикна еден необичен настан во Англија, кој му го раскажа Татко на Климент Камилски при нивната најнова средба: Едена млад Англичанец, припадник на семејство од француско потекло одеднаш ја изгубил моќта да зборува англиски, и, на општо изненадување, започнал да зборува француски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)