Си зборував и се слушав сам себе си, во себе, никој друг не ме слушаше. Изгубив време.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Човек, раскажувајќи ги, ако не земе да ги сведе под знакот на една, на онаа, главната, за ропството и за борбата против поробувачите лесно може да се заталка во раскажувањето и да се заборави што зборувал, односно да заборави што раскажувал и кој му бил зборот, па слушателот да си отиде од него со уверување дека си го изгубил времето слушајќи некого кој ниту знаел да раскажува ниту што раскажува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И тоа не само поради лингвистичката коректност: Писател како Пруст не може неповратно да го изгуби времето – ме убедува Панче: Тој едноставно си го враќа филмот на патот кон смртта и ги изострува одделните кадри.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)