Притиснат од егзистенцијални проблеми и согледувајќи ја целокупната ситуација во Македонија на полето на „пазарот на труд“, како и многу други кои се приморани да донесат дома нешто за јадење – Јакшиќ, со своето тукушто формирано семејство, во 2002 одлучи и започна да работи во споменатата градежна фирма како општ работник – непријавен и без никакво осигурување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Го изгубив видот на утробата, не бев веќе нему подобен, и трајно се здружив со двајцата понижени и бедни духом, во борба со Него, што заврши така како што заврши: јас денес мрава сум, на црн мрамор, во најцрна ноќ, а Бог не само што ме гледа, туку и го слуша топотењето на нозете мои.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И така околу шест години, сѐ до моментот кога повеќе, поради здобиената сериозна повреда при работа, не можеше да работи. 197 Имено, при изведба на малтерисувачки работи со Пуц машина за машинско малтерисување на објект во изградба,3 поради неисправност на истата таа машина, тој целосно го изгуби видот на десното око – поради изгореница, а изгуби и 80% од видот на левото око!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога отидов да им го кажам ова и да се посоветувам со нив, тие ми рекоа: „Овој начин на лекување се применува кај оние болни што пред тоа, по пат на некој шок или на душевен потрес, го изгубиле видот, слухот, или говорот... а потоа, по ист пат, по ист начин, кај нив се создаваат вештачки шокови, вештачки потреси кои на некои болни им овозможуваат повторно да им се врати она што го изгубиле...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)