Имаше и други прашања, кој нараторот-дете, им ги поставуваше на своите родители во повеста за нив, но од кои како одговор ја добиваше самата тишина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во нашата куќа во Скопје крај реката Вардар, во тивките квечерини започнуваше да изгрева чудесна тишина, која можеше да се слуша, да се препознава, да се гледа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Татко ми како вистински балкански алхемичар од посебен ков, се срушташе длабоко во ноќта за да ги најде вистинските зборови обвиткани во рувото на тишината со кои требаше да им се противстави на зборовите, небаре излезени од барабани, во тие тешки времиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)