На брегот со исушена трева се задржуваше само толку колку да го изголта лебот и сирењето, а потоа оставаше да го олади студената вода на Вардар која не ја плискаше врз своето лице и снага, туку се нурнуваше во најдлабокиот вир крај врбата на свиокот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)