Во еден миг, почна тешко да ги изговара зборовите, речениците остануваа недоречени, неразбирливи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Трепери целата при секој изговорен збор и одново одзвучуваат скоро непознатите зборови кои во неа и стравопочитување и воодушевување и радост и длабока размисла.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кикицас зборуваше тивко, но убедливо и секој изговорен збор присутните го сфаќаа како наредба.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Нека останат тие петстотини, му вели татко ти - зашто ако се фатиш со старата, секој ден и за секој изговорен збор ќе ѝ бараш да плаќа казна... - одново удри смеа, а Мита, кикотејќи се гласно, праша: - Како му рече баба ти на судијата? ...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сличното се согледува во тоа што песните од „Две тишини“ продолжуваат да го демнат претурањето од мислата во јазикот кое непрекинато се одвива со секој одделен, изговорен збор на кој било говорител без ниедна загубена капка капната патем, пред содржината на Едното целосно да стане содржина на Другото.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Без изговорени зборови, бран на разбирање помина низ толпата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во меѓувреме, јас ќе ви испратам еден примерок од книгата“, - Винстон забележа дека дури и О'Брајан го изговара зборот како да е курзивен - „ од Голдштајновата книга, сфаќате, што е можно поскоро.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но да се следи историјата на целиот тој период, да се каже кој се бореше против кого во секој даден момент, беше сосем неможно, зашто во ниту еден пишан запис или изговорен збор не се споменуваше ниту едно друго сојузништво освен постојното.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не постоеше физички чин, не постоеше гласно изговорен збор, што тие не го забележале, не постоеше тек на мисли што тие не биле во можност да го погодат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И тогаш ненадејно, без ниту еден изговорен збор, без забавување на чекорот, без помрднување на ниту една црта на неговото лице - маската ненадејно ќе падне и трас!
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Бунтовништво можеше да се изрази со поглед во очи, со нагласок во гласот; во најдобар случај со некој тивко изговорен збор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Без да наведе, ги изговори зборовите на Борхес: Ќе оставам сонцето и месечината да си проигруваат со мојата бедна судбина! Чудесно речено, пријателе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Причина човекот да му се предаде на касметот! коментира Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
До буква ѝ веруваше на сите изговорени зборови.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Не дознав, или изумив, не знам, кој од нас прв го изговори зборот љубов.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Со секој изговорен збор стекнуваше предност.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Станував сигурен дека секој мој изговорен збор во вербалната арена со водичите, ми се враќаше како силен бодеж во душата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Еднаш фрли кристален пепелник сакајќи да го удри спикерот поради еден погрешно изговорен збор.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Од тогаш радиото не се исклучуваше.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Кого ќе сум го означил виновник, неа или себеси?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дали ќе сум ѝ простел штом ќе ја пронајдев и тоа по првиот изговорен збор?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И реков faleminderit,28 но, не сум сигурен дали добро го изговорив зборот, зашто никој од насобраните ништо не рече, само сомнително мрдаат со глави, молчаливо стојат, со гумените опинци ја копаат и ја бришат земјата од под нозе и ми се чини дека одвај чекаат кога ќе нѐ снема од пред нивните очи.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тој веќе ја води. Ѝ ги изговара зборовите од Тибетанската книга за умрените.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Во тој момент, баш откако го изговорив зборот „гладен“, цревата повторно се побунија, но овој пат со полифоничен цвилеж.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не можев а да не забележам дека со едната рака како да затскриваше средство за чистење.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)