извојува (гл.) - победа (имн.)

Извојува победа над самиот себе. Го сакаше Големиот Брат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
До решавачка битка дошло во Тесалија кај местото наречено Киноскефалес (Кучешки глави) во 197 г.пне. кога Рим извојувал победа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Одлучувачката битка меѓу Атина и нејзините сојузници Теба и некои други градови-држави се одиграла во 338 г.пне. кај Херонеја во која Филип II извојувал победа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Веројатно не би погрешиле ако импровизирањето на фуга во шест гласа го споредиме со шаховска симултанка со шеесет противника, под услов да се извојува победа во сите шеесет партии.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)