Кузман ја извлече раката од џеб и покажа кон вратата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тоа го чу по вторпат (а можеби и не сум луд!) и како пред опасност ги извлече рацете од меката врелина на нозете и ја бутна вратата на касата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ја кренал полека главата да го надене тој човек на рогот што му никнувал на тврдото чело, всушност ги извлекол рацете од утробата на животното и го зел ножот од крај себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се потпре на гол влажен ѕид и ја извлече раката од под пазува.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој секогаш ист глас на проклетиот Онисифор Проказник, ни покорен ни предизвикувачки, глас со една смисла - да се разбере што се зборува а не како се зборува, го слушал пред тоа во себе и точно со истото прашање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За да ја испревари во прашањето, Грдан ја извлече рака од зад грб и ѝ подаде нешто завиткано во украсна хартија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во еден миг продавачот ја извлече раката од кафезот со еден огромен петел во раката раскокодакан, распретан, со отворени, сиреч ококорени очи и црвен клун.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)