Се извиши во ноќта како проклетство, како некоја негова глад, како тагување заради таа прогонетост, таа осаменост, беше една потиснатост, во која остануваше секогаш на дното, ја поднесуваше без секакво дробење, а сега си ја викна таа своја безизлез, тоа свое беспаќе пред уште едно стемнување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И во средето на светот столб златен видов, столб што се извишува во висина на човек, во резби раскошни, од рака нечовечка сочинети, со какви што ниеден свешник на лицето на земјата не е украсен; и на врвот од столбот – плоча златна, четириаголна; и на неа – Книга во папокот на светот, чаша со питие небесно, Слово Господово!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Под звездено стебло колку што трае Бог ќе чекам зашто не чекам само за себе да видам како се здружуваат коските на едно исто тело, како се извишува в троено делото на нејзиното величество – Татковината!
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)