извира (гл.) - и (сврз.)

Како да извираше и како да се креваше од бистрата, мирна езерска вода со безброј чисти, светли души - утрото заигра во воздухот, се крена над стариот град, стегнат од сите страни со дебели ѕидови за миг го искапи, го осветли и го оживеа со својот трепетен сјај.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
О, што зборувам, зошто се занесувам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зар не гледаш оти од мене извира и шурка тенка нишка подадена од Бога, која Тој ја испраќа само на избраните, кои носта иста болка, како неговата болка кон Идинородниот син - Јагнето Божјо.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Човекот треба да го сфатиш. А за да го сфатиш треба да откриеш каде извира и од каде истекува неговата убавина а од каде она другоно, грдоста?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)