Жолтите одеа бавно и достоинствено, белите се обѕираа по нас, сините брзаа, се судруваа и не извинувајќи се, продолжуваа да чекорат.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Марин Крусиќ пак се исекна, извинувајќи се немоќно за можноста да им го предаде грипот и на рибарот, и на Влаинката.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Хорацио не сака да го прекинуваат, а репертоарот на неговата актерска мамика е, како секогаш, сосем убедлив, па кондуктерот, извинувајќи се, тивко се повлекува.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Излегов големо магаре! - Не извинувај се!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Јас сум Методија, Мајк Зуно, Зуноски“, се претстави. „Се радувам“, реков и го поканив горе во собата, извинувајќи се за метежот таму.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мајката Роса е разговорлива жена, исто толку е и внимателна слушателка, ама сега смета дека претерала во сѐ па затоа стана и извинувајќи се што толку многу се задржале, тргна на кај вратата, а по неа, зацрвенета во лицето и Деспина.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Се промушнав низ луѓето не извинувајќи се и излегов напред.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)